Џулијус Јего
кениски атлетичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џулијус Јего (роден на 4 јануари 1989 г.) е кениски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање копје. Тој ги освоил златните медали во својата дисциплина на Сеафриканските игри во 2011 и на Африканското првенство во 2012 и 2014. На Светското првенство 2013 тој го освоил четвртото место, губејќи го бронзениот медал во последната серија. Во 2014, Јего станал првиот кенијец кој освоил златен медал во дисциплина во поле на Комонвелтски игри.
Јего на Светското првенство 2015 | |||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 4 јануари 1989(1989-01-04) (34 г.) Чептонон, Нанди, Кенија | ||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | &100000000000001750000001,75 м | ||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 85 kg (187 lb) | ||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Кенија | ||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Фрлање копје | ||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Петери Пиронен[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
На Светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал со префрелните 92.72 метри, резултат кој е трет најдобар на списокот на сите времиња, со што станал првиот кенијец со златен медал од Светските првенства во дисциплините во фрлање. Со овој резултат тој го подобрил претходниот рекорд на Африка, кој исто така бил во негова сопственост.