Архангел Салатил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Салатил (арам. צלתיאל „Богомолител“, хебр. שאלתיאל) е еден од Седумте архангели во православието.[1] Во иконографијата, сам или со поединечни одлики, прикажан е како понизно се моли, со симнат поглед и прекрстени раце на градите.[2] Негов особен атрибут е молитвата,[3] и православците бараат помош од него ако нивната молитва е пореметена, невнимателна, или ладна. Во католицизмот прикажан е како носи две риби закачени на жица и стап со лејка врзана на него.