Астероидна месечина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астероидна месечина — астрономски објект што кружи околу мала планета како нејзина месечина. Се смета дека многу астероиди и објекти од Кајперовиот Појас може да имаат месечини, а во некои случаи значително големи. Откритијата на астероидните месечини (и двојните објекти) се важни, бидејќи со определувањето на нивните орбити се добиваат проценките на маса и густина на главниот објект, овозможувајќи увид во нивните физички својства.[1] До октомври 2016 година, откриени се повеќе од 300 мали планети со месечини.[2]