Африкански куп на нации 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Африкански куп на нации 2015 (англиски: 2015 Africa Cup of Nations) е 30-тото фудбалско континентално првество на Африка, кое ќе се одржи во Екваторска Гвинеја. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а ќе се игра од 17 јануари до 8 февруари 2015 година. Првиот дел од првенството ќе се игра по групи, а најдоброте две селекции од секоја група продолжуваат во елиминационата фаза. Вкупно би требало да се одиграат 32 натпревари.[1]
Африкански куп на нации 2015 | |
---|---|
Податоци | |
Домаќин | Екваторска Гвинеја |
Траење | 17 јануари - 8 февруари |
Tимови | 16 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 4 (во 4 градови) |
Шампиони | Брегот на С. Коска (2. титула) |
2. место | Гана |
3. место | ДР Конго |
4. место | Екваторска Гвинеја |
Статистика | |
Вкупно натпревари | 32 |
Вкупно голови | 68 (2.13 по натпревар) |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | Ахмед Акаиши Андре Ају Хавиер Балбоа Тјеви Бифума Диумерси Мбокани (сите по 3 гола) |
Најдобар играч | Кристијан Атсу |
2017 → ← 2013 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 21 јануари 2015. |
Домаќинството на турнирот првобитно му било доделено на Мароко кој последен пат бил домаќин во 1988 година, меѓутоа мароканците се откажале од домаќинството заради епидемијата од ебола во Западна Африка. Поради тоа домаќинството и е доделено на Екваторска Гвинеја.[2]
Брегот на Слоновата Коска ја освоиле својата втора титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи ја Гана во финалето со 9–8 на пенали откако по 120 минути реултатот бил 0-0. ДР Конго го освоил третото место победувајќи го домаќинот Екваторска Гвинеја. Бранителот на титулата од претходното првенство Нигерија не се квалификувале.