Африкански куп на нации 2023
From Wikipedia, the free encyclopedia
Африкански куп на нации 2023 (познато и како АФКОН 2023, односно КАН 2023) било 34-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка, познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е оргенизирано од КАФ, а се одржало во Брегот на Слоновата Коска. Ова било вторпат оваа земја да биде домаќин, првпат по изданието во 1984 година.
Африкански куп на нации 2023 | |
---|---|
![]() | |
Податоци | |
Домаќин | ![]() |
Траење | 13 јануари - 11 февруари |
Tимови | 24 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 6 (во 5 градови) |
Шампиони | |
2. место | |
3. место | ![]() |
4. место | ![]() |
Вкупно натпревари | |
Вкупно голови | |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | |
Најдобар играч | |
Најдобар голман | |
2025 → ← 2021 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 5 јануари 2024. |
Ова издание на турнирот првично било планирано да биде трето почнувајќи од изданието во 2019 што ќе се одржи во текот на летото на северната хемисфера, со цел да се намалат конфликтите со европските клубови во поглед на поклопувањето на распоредот на натпреварите.[1][2][3][4] Сепак на 3 јули 2022 година, КАФ го одложиле првенството за периодот од 13 јануари до 11 февруари 2024 година, поради неповолните летни временски услови во Брегот на Слоновата Коска, додека во исто време турнирот го задржач оригиналното име на изданието од спонзорски причини.[5][6] Ова се уследило откако изданието 2021 во Камерун, исто така, било преместено во зимската сезона на северната хемисфера од слични причини.
Бранител на титулата била репрезентацијата на Сенегал, која во 2021 за прв пат станала шампион.