Беловишка Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Беловишка Река — шарпланинска река која извира на источната страна на врвот Пирибег, тече низ тетовското село Беловиште и се влева во Вардар во близина на Јегуновце. Позната е по своите водопади кои се едни од најголемите на Балканот. Кај мештаните реката реката е позната и под името Река Јелика.
Кратки факти Беловишка Река, Местоположба ...
Затвори
Реката ја сочинуваат три поголеми изворчиња кои се наоѓаат на источната страна на сртот на Шара помеѓу Пирибег и Ливадица и не пресушуваат во текот на целата година.