Битка кај Азенкур
битка во Стогодишната војна / From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Азенкур (француски: Bataille d'Azincourt, англиски: Battle of Agincourt) — битка во Стогодишната војна. Битката се одвивала на 25 октомври 1415 година (Криспиновден) во близина на Азенкур, во северна Франција. Со неочекуваната англиска победа против помоќната француска армија се зголемил англискиот морал и углед, додека Франција воено ослабела, а со тоа започнал нов период на англиска превласт во војната.
Битка кај Азенкур | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Стогодишната војна | |||||||
Битката кај Азенкур на минијатура од XV век |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Англија | Кралство Франција | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Сила | |||||||
6,000[1]–8.100 души[2] • Околу 5⁄6 стрелци • 1⁄6 пешадиски витези во тежок оклоп | 14.000–15.000 души[3] или до 25.000 со вооружените прислужници[4] • 10.000 витези[5] • 4.000–5.000 стрелци и самострелци[6] • До 10.000 присутни коњички и вооружени прислужници [7] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
до 600 загинати (112 познати по име)[8][9] | • 6.000 загинати (највеќето од нив француски благородници)[10][11] • 700–2.200 заробени[12] |
По неколку децении од релативен мир, Англичаните ја продолжиле војната во 1415 година, поради неуспехот на преговорите со Французите. Во походот што следел, многу војници починале од болест, и бројот на англиски војници се намалил; тие се обидувале да се повлечат до Калес, кое било под контрола на Англија, но се нашле со блокиран пат од значително поголема француска армија. И покрај неповолната положба, битката завршила со огромна тактичка победа на Англичаните.
Англискиот крал Хенри V ги водел своите војници во битката. Додека фрацускиот крал Шарл VI не ја командувал француската армија бидејќи страдал од психотични болести и ментална неспособност. Со Французите командувал Шарл д’Албре и разни други истакнати француски благородници од партијата Армањак. Оваа битка е значајна по употребата на велшкиот лак во многу голем број, со тоа што англиските и велшките стрелци сочинувале скоро 80 проценти од англиската армијата.
Азенкур е една од најславните победи во Англија и била еден од најважните триумфи на Англичаните во стогодишната војна, заедно со Битката кај Креси (1346) и Битката кај Поатие (1356). Битката претставува централно дело на драмата Хенри V од Вилијам Шекспир, напишана во 1599 година.