Блискоисточен дишен синдром
From Wikipedia, the free encyclopedia
Блискоисточен дишен синдром (БДС или MERS, од анг. Middle East respiratory syndrome), познат и како камилски грип[1] — вирусна дишна инфекција предизвикана од новооткриениот СРС-коронавирус (MERS-coronavirus, MERS-CoV) [2]. Симптомите можат да се јават во лесни или во тешки форми[3] и истите ги вклучуваат треската, кашлицата, дијарејата и губењето здив.[2] Болеста е потешка кај оние кои имаат други здравствени проблеми.[3]
Блискоисточен дишен синдром | |
---|---|
Тридимензионална слика на вирусот на блискоисточниот дишен синдром (СРС-коронавирус) | |
Специјалност | Заразна болест |
СРС-коронавирусот е бетакоронавирус добиен од лилјаци. Покажано е дека камилите имаат антитела за СРС-коронавирус, но не е идентификуван точниот извор на инфекција кај камилите.
СРС-коронавирусот е бетакоронавирус добиен од лилјаци.[2] Покажано е дека камилите имаат антитела за СРС-коронавирус, но не е идентификуван точниот извор на инфекција кај камилите. Се верува дека камилите се инволвирани во ширењето на вирусот на луѓето, но не е јасно како.[3] За пренесување меѓу луѓе вообичаено потребен е близок контакт со инфицираното лице.[2] Ширењето вон болниците е ретко.[3] Заради тоа се смета дека ризикот од заразување на широката популација е релативно мал.[3]
До 2015 година нема вакцина или третман за оваа болест.[2][3] Моментално се проучуваат голем број на антивирални лекови.[3] Светската здравствена организација (СЗО) препорачува луѓето кои доаѓаат во контакт со камили често да ги мијат рацете и да избегнуваат контакт со болни камили.[2] Исто така се препорачува производите од камили добро да се сварат или испечат.[2] На заразените може да им се дава третман кој помага за отстранување/намалување на симптомите[2]
До мај 2015 година евидентирани се нешто над 1.000 случаи на оваа болест.[3] Околу 40% од инфицираните починале од болеста.[3] Првиот идентифициран случај се јавил во 2012 година во Саудиска Арабија и најголем број случаи се јавил на Арабискиот Полуостров.[2][3] СРС-коронавирус познат како HCoV-EMC/2012 пронајден кај првиот инфициран пациент во Лондон во 2012 година имал 100% поклопување со Taphozous perforatus (англ. Egyptian tomb bat). Големо избувнување се случи во 2015 година во Јужна Кореја