Блицкриг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Блицкриг (германски: Blitzkrieg, во буквален превод „секавична војна“) ― термин кој се користи за да се опише ненадеен напад со користење на бројчано надмоќни и мобилни (оклопни и моторизирани или механизирани) пешадиски формации, во комбинација со непосредна воздушна поддршка, со цел да се пробијат одбранбените линии на противникот, или за да го оневозможат да постави кохерентна одбрана навреме.[1] [2] [3] [4]
Војна Воена историја по доба | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Епохи
Борилишта
Организација
Логистика
Листи
|
За време на инвазијата на Полска, западните новинари го усвоиле терминот блицкриг за да ја опишат оваа форма на оклопно војување.[5] Терминот се појавил во 1935 година, во германскиот воен магазин Deutsche Wehrcode: de is deprecated (Германска одбрана), и се поврзувал со брза или молскавична војна.[1] Според написот, неразвиените и сиромашните држави треба да се стремат „ненадејно да војуваат, и да се обидат да ја решат битката уште од самиот почеток, користејќи ја целосната своја борбена моќ“. Подетална анализа може да се најде во една статија објавена во Military Weekly во 1938 година.
Поради успешните германски маневрски операции во кампањите од 1939-1941 г., терминот Блицкриг во 1940 г. бил често користен во западните медиуми.[1] [6] Блицкриг операциите успевале поради ненадејните пробиви (на пр. пробивот во шумскиот регион на Ардените), општата неподготвеност на непријателот и нивната неспособност да одговараат на темпото на германскиот напад. За време на битката кај Франција, Французите се обиделе повторно да формираат одбранбени линии покрај реките, но биле фрустрирани кога германските сили први пристигнаа и продолжиле понатаму.[6]
И покрај тоа што зборот бил вообичаен во германското и англиското новинарство за време на Втората светска војна, Вермахтот, освен за пропаганда не го користел зборот блицкриг како официјален воен термин.[1] Според Дејвид Рејнолдс, „ самиот Хитлер терминот Блицкриг го нарекол „целосно идиотски збор“ (ein ganz blödsinniges Wortcode: de is deprecated )“. [7] Одредени високи офицери, како Курт Штудент, Франц Халдер и Јохан Адолф фон Килмансег, не ни сметаат дека е тоа воен концепт. Килмансег тврдел дека она што многумина го сметаат за блицкриг не е ништо повеќе од „ад хок решенија кои се носат во дадена ситуација“. Штудент го опишал како идеи кои „природно произлегуваат од тековните околности“ како одговор на оперативните предизвици.[1]
Во 2005 година, историчарот Карл-Хајнц Фризер блицкриг војувањето накратко го опишал како резултат на користење на најнова технологија на најповолен начин според традиционалните воени принципи од страна на германските команданти и користење на „вистински единици на вистинско место во вистинско време“. [1] Современите историчари Блицкриг го разбираат како комбинација на традиционалните германски воени принципи, методи и доктрини од 19 век со воената технологија од меѓувоениот период.[8]