Боре Ангеловски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боре Ангеловски или Борис Ангелков (Велес, 25 февруари 1944 - Велес[1], 14 јуни 2009) бил истакнат и најдоследен театарски деец во Македонија, глумец, режисер, преведувач, сценограф, костимограф, театарски педагог, театарски теоретичар, бекетолог, основач и уметнички раководител на Младинско Драмско Студио - Велес, основач и уметнички раководител на Театар Чекори - Скопје, икона на драмскиот аматеризам и театарската алтернатива во Република Македонија и поранешна Југославија, првенец во сите домени и аспекти на театарската уметност, комплетна театарска личност, театарски фанатик. Како етичко-естетска поставеност, Боре Ангеловски е доајен и пионер на театарот на апсурдот во Република Македонија, поборник и следбеник на неконвенционалниот пристап кон создавањето на комплетен театарски чин, вечен експериментатор, иноватор и револуционер на комплексниот театарски израз[1].
Боре Ангеловски | ||
Роден | 25. февруари 1944. Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 14 јуни 2009
Велес, Македонија | |
Познат | човекот кој за првпат го поставува Бекет на македонската театарска сцена и основач на Театарот Чекори - Скопје | |
Занимање | глумец, режисер, сценограф и педагок |