Брегалница
река во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Брегалница — втората по должина река во Република Македонија. Извира во шумскиот дел на Малешевските Планини, во близина на Спиково и поминува низ или покрај градовите Пехчево, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Штип, и потоа се влева во реката Вардар пред да го продолжи патот кон Егејското Море. Од неодамна се покренуваат прaшањата за загаденоста на реката, заради фактот што голем дел од фабриките сместени во градовите кај што поминува Брегалница, ја користат за испуштање на индустриските отпадни води. На ова подрачје била водена Битката на Брегалница.
Кратки факти Брегалница, Местоположба ...
Брегалница | |
---|---|
Брегалница кај село Тодоровци (Езеро Калиманци) | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | месност Дебел Рид, Спиково (Малешевски Планини) |
• координати | 41°43′37.5″N 22°59′15.2″E |
• надм. вис. | 1.245 м |
Устие | |
• место | Вардар кај Виничани |
• координати | 41°36′20″N 21°55′13″E |
• надм. вис. | 139 м |
Должина | 225 км |
Големина на сливот | 742,5 км2 |
Проток | |
• просечен | 28 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар→ Егејско Море |
Речен слив | Вардар |
Затвори