Брион (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Островот Брион (француски: Île Brion) е сега ненаселен остров во архипелагот Магдаленски Острови во средината на Заливот Сент Лоренс и дел од општината Грос Ил, Гаспезија–Магдаленски Острови, Квебек, Канада. Тоа е најсеверниот од островите во архипелагот, освен "Птичјата Карпа" (француски: Rochers aux Oiseaux), дваесет километри исток-североисток.
Île Brion | |
---|---|
Плажа на островот Брион со светилник во заднина | |
Географија | |
Место | Залив Сент Лоренс |
Координати | 47°47′34″N 61°28′05″W |
Архипелаг | Магдаленски Острови |
Површина | 6,5 км2 |
Должина | 8 км |
Управување | |
Провинција | Квебек |
Регион | Гаспезија–Магдаленски Острови |
Општина | Грос Ил, Квебек |
Демографија | |
Население | 0 |
[1] |
Островот бил откриен од страна на францускиот истражувач Жак Картие во 1534 година а името го добил во чест на Филип Шабо, адмирал на Франција и господар на Брион. Сепак, тој бил населен дури во средината на 19 век. Речиси еден век тука живеело семејството Дингвел, кое таму поседувало фабрика за конзервирање. До 1970 година главно служел за риболов. Една третина од растенијата на Магдаленските Острови и речиси сите екосистеми, со исклучок на лагуните, се наоѓаат на овој остров. Поради оваа причина, сопственици биле иселени и по спроведената експропријација, во текот на 1980-тите, островот станал природен резерват.