Бурушаски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурушаски (урду: بروشسکی) — изолиран јазик зборуван од 112.000 Хунзи (Буруши) во Долината на Хунзите, долината Нагар, долината Јасин, и делови на Гилгит долината во северен Пакистан и Кашмир. Други имиња за јазикот се канџут, верчиквар, буришки.
Бурушаски | |
---|---|
Застапен во | Гилгит-Балтистан, Пакистан, Џаму-Кашмир |
Говорници | 112.000 (2016) |
Јазично семејство | Изолирани јазици
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | bsk |
Денес бурушаскиот јазик содржи многу зборови од урду (вклучувајќи и англиски зборови добиени преку урду) и од соседни дардикски како и коварски и шина јазик, како и нови форми на турски и форми од соседните сино-тибетски, балти, но оригиналниот лексикон останува во голема мера непроменет. Дардикскиот јазик исто така содржи голем број на позајмени зборови од бурушаскиот.
Постојат три дијалекти, наречени според долините: хунза, нагар, и јасин (исто така наречен и „верчиквар“). Дијалектот од Јасин се мисли дека е со најмалку влијание од јазиците од соседството и е генерално помалку сличен на другите два отколку тие што се меѓу себе.