Бушидо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бушидо — непишан кодекс на однесување за самураите во општеството, збир на правила и норми за „идеалниот“ воин. Бушидо, првично протолкувано како „патека на коњот и лакот“, подоцна започнало да означува „патот на самурајот, воинот“. Бушидо всушност го претставува моралот на самураите, нивниот морален и етички кодекс. Овој код се заснова на идеите за благородништво, почитта и верната служба.
Бушидо се развил помеѓу 12 и 13 век и е опишан во делото на Цунетомо „Хагакуре“ од почетокот на XVIII век.
Својата популарност и познавање на бушидото е посебно благодарение на Инацо Нитобе и на неговата книга од 1899 година напишана на англиски јазик Bushido — the Soul of Japan (Бушидо — душата на Јапонија). Според него:
Бушидото е значи кодекс на моралните начела кои витезите треба да ги следат. Тоа во прв ред не е писмено фиксиран кодекс, се состои од начела, усно предадени и само делумно напишани од познати витези или научници. Тоа е кодекс кои правите дела ги прави свети, закон кој е напишан во срцето. Бушидото не се гради на креативни дела на еден способен мозок или на животот на познати личности. Тоа е производ на органскиот раст во вековите воен развој.[1]