Вакцина против грип
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вакцина против грип (англиски: Influenza vaccine, Flu shot)) — вакцинa што штити од заразување со вирусот на грип.[12] Нови верзии на вакцината се развиваат двапати годишно бидејќи вирусот на грип брзо се менува.[12] Иако нивната ефикасност се менува од година во година, повеќето обезбедуваат скромна до висока заштита од грип.[12][13] Ефективноста на вакцината за оние помлади од две години и за оние постари од 65 години останува неизвесна поради недостаток на висококвалитетни истражувања. Вакцинираните деца можат да ги заштитат оние околу нив.
Вакцинација на припадник на американската морнарица | |
Клинички податоци | |
---|---|
Заштитени имиња | Afluria, Fluarix, Fluzone, други |
AHFS/Drugs.com | Инактивиран: monograph Интраназален: monograph Рекомбинантен: monograph |
Бременосна категорија | |
Начин на издавање | |
Начин на примена | Внатремускулно, носно, поткожно |
Назнака | |
CAS-број | 1704512-59-3 |
ATC код | J07BB01 J07BB02, J07BB03, J07BB04 |
KEGG | D04536 |
Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачуваат годишна вакцинација за речиси сите луѓе на возраст над шест месеци, особено оние со висок ризик.[12][14][15] Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) исто така препорачува годишна вакцинација на високоризичните групи. Овие групи вклучуваат бремени жени, постари лица, деца меѓу шест месеци и пет години, оние со одредени здравствени проблеми и оние кои работат во здравството.[12]