Видовденски устав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Видовденски устав — првиот устав на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Изгласан е од Уставното собрание на Видовден, 28 јуни, 1921 година, и покрај бојкотот на гласањето од страна на опозицијата. Од 419 пратеници, 223 гласаат за, 35 против, а 161 се воздржани. Уставот е укинат од кралот Александар I Караѓорѓевиќ при воведувањето на диктатура во државата на 6 јануари 1929 година.