Гварани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвараните се јужноамерикански староседелски народ. Мајчин јазик на Гвараните е гваранскиот јазик, одлика која ги одвојува од сродните Тупијците. Традиционалната гваранска територија е денешен Парагвај, меѓу реките Уругвај и Парагвај, но и во делови во северна Аргентина, источна Боливија и јужен Бразил.[1] Иако нивната демографска доминација во регионот била засенета од шпанските колонизатори и доселеници од Европа, денес сè уште има значајни гварански заедници. Така, гаваранскиот јазик на широко се зборува во гваранските територии, тој е еден од двата официјални јазика во Парагвај[2] и скоро сите Парагвајци го разбираат овој староседелски јазик. Јазикот се изучува во образовниот систем.
Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Вкупен број | |
---|---|
257,400 (проценка) | |
Подрачја со значајно население | |
Парагвај, Аргентина, Бразил, Боливија | |
Јазици | |
гварански, шпански, португалски | |
Вероисповед | |
Католицизам, Протествантство, Амимизам | |
Сродни народи | |
Гвајукуруанцу Кајнгангани Чана Тимбу |
Затвори