Големополско Војводство
војводство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Големополско Војводство (полски: województwo wielkopolskie) — војводство во западна средна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Познањско, Калишко, Коњинско, Пилско и Лешненско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Големополска која е опфатена во војводството, со исклучок на извесни југозападни делови.
Големополско Војводство województwo wielkopolskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Големополското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Познањ | ||
Окрузи | 4 градски, 31 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 29.826 км2 (11,516 ми2) | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 3.467.016 | ||
• Густина | 120/км2 (300/ми2) | ||
• Градскo | 1.923.582 | ||
• Селско | 1.451.071 | ||
Рег. таб. | P | ||
Мреж. место | poznan.uw.gov.pl | ||
|
Војводството зазема второ место по површина и трето по население во земјата. Зафаќа 29.826 км2 и има население од околу 3,4 милиони жители. Главен град е Познањ, а други поважни градови се Калиш, Коњин, Пила, Острув Вјелкополски, Гњезно (стара престолнина на Полска) и Лешно. Се граничи со седум други војводства: Западнопоморското на северозапад, Поморското на север, Кујавско-поморското на североисток, Лоѓското на југоисток, Ополското на југ, Долношлеското на југозапад и Лубушко на запад.
Градот Познањ е збратимен со грофовијата Нотингемшир во Англија.[1]