Големо Езеро (Шар Планина)
ледничко езеро во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Големо Езеро — ледничко езеро и едно од 27. езера на Шар Планина.[1]
За други истоимени места, погледајте Големо Езеро.
Кратки факти
Големо Езеро | |
Должина | 95 м |
Ширина | 55 м |
Длабочина | 2 м |
Надморска висина | 2.400 м |
Планина | Шар Планина |
Затвори
Се вика Големо, бидејќи е сосед на малото, иако името не му одговара поради тоа што пресушува.[2] Се наоѓа на околу 2.400 метри надморска висина. Во нормални околности долго е 95 метри, а широко е 55 метри. Длабоко е 2 метра.
Преку лето редовно се суши и се намалува за околу две-третини, а во големи суши и целосно.[3] Се наоѓа на ливадест предел. Водата ја акумулира исклучиво од атмосферските врнежи и топење на снегот. Езерото е нечисто и има матна вода.[4].