Галешово
река во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Галешово[1] (Голешово, Голешовска Река[2] или Галешова Река[3]; грчки: Στραβοπόταμος, Стравопотамос) — река во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Извира од планината Одре југозападно од костурското село Ланга и тече на север, па свртува на североисток и минува низ областа Костенарија, покрај селата Вичишча (Ники), Лудово (Крија Нера), Старичани (Лакомата), Госно (Лаханокипи), па на крај се влева во реката Бистрица како нејзина десна притока.[4]