ледничко езеро во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Доброшко Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]
Горно Доброшко Езеро | |
Површина | 1.006 м2 |
Должина | 46,7 м |
Ширина | 32,6 м |
Обем | 125 м |
Длабочина | 1,5 м |
Надморска висина | 2.314 м |
Планина | Шар Планина |
Горно Доброшко Езеро на Ризницата |
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Габровица на надморска височина од 2.314 метри.[2]
Заедно со Долното Доброшко Езеро ги сочинуваат Доброшките Езера. Езерото претставува најсеверно и највисоко постојано ледничко езеро на Шар Планина.[2]
Името го добиле по селото Доброште, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината.[3] Се наоѓа на 2.440 метри надморска висина, во вдлабнатина (цирк) веднаш во подножјето на Езерски Врв. Долго е 32, а широко е 50 метри, додека вкупната должина на неговите брегови изнесува 125 метри.[4] Длабоко е преку 1,5 метри. Има површина од 1.200 м².[5] На средината на северниот брег има мало вдлабнување во вид на полуостровче, кое на тркалезниот облик на целото езеро му дава изглед на срце или јаболко.
Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. По дното забележлив е наносот. Езерото е постојано, не пресушува, но преку летото опаѓа за половина метар, бидејќи пресушуваат поточињата што се влеваат во него.[6] Се одликува со многу бистра и студена вода, чија проѕирност се должи на протечноста на водата која се влева и истекува од него како и од каменестата околина и дно. Веднаш над него извира и низ него протекува изворишниот дел на потокот наречен Езерска Река која е изворична челенка од која се составува реката Габровница. На ливадата веднаш до самото езеро, се поставуваат шаторите од кампот за првото ноќевање на Западната македонска планинарска трансферзала „Љуботен - Охрид“.
Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.006 м2, длабоко е 1,5 метри, долго е 46,7 метри, широко е 32,6 метри. Езерската вода се храни со топењето на ледниците и околните извори, додека се празни со испарување.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.