Грабнување од сарајот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грабнување од сарајот (германски: Die Entführung aus dem Serail) ( К. 384; исто така позната како Сарајот) е зингшпил опера во три чина од Волфганг Амадеус Моцарт. Германското либрето го напишал Готлиб Стефани врз основа на „Белмонд и Констанца, или грабнување од сарајот“ од Кристоф Фридрих Брецнер. Во операта Белмонте, потпомогнат од својот слуга Педрило, се обидува да ја спаси својата сакана Констанца од сарајот на Пашата Селим. Делото премиерно било прикажано на 16 јули 1782 година во Виенскиот Бургтеатар.