Да се убие птицата подбивница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Да се убие птицата подбивница (англиски: To Kill a Mockingbird) — роман на американската писателка Харпер Ли, објавен во 1960 г.[1] Дејството е сместено во американскиот југ и се занимава со сериозни теми како што се смртта, силувањето и расната дискриминација, видени низ очите на неколку деца. Книгата е една од класиците на американската книжевност и едно од најдобрите дела на XX век. Ја добила Пулицеровата награда во 1961 г., а следната година по книгата бил направен истоимениот филм.[2][3]