Демир Капија (Пирин)
планинско седло на Пирин, Пиринска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Демир Капија (бугарски: Демиркапия) — седло на планината Пирин, на границата помеѓу општините Банско и Свети Врач, Пиринска Македонија. Сместено е на височина од 2.480 м во северниот дел на Пирин, на главното било меѓу врвовите Џано и Демиркаписки Чуки. Има гранитна геолошка основа.</ref>[1] Позната е и под името Демиркаписка Порта. За време на Преродбениот процес на НР Бугарија преименувана е во Железна Врата (Желязна врата), но тоа име не било прифатено од мештаните и посетителите.
За други значења на поимот, погл. Демир Капија (појаснување).
Кратки факти Демир Капија, Надм. вис. ...
Демир Капија | |
---|---|
Демиркапия | |
Седлото Демир Капија (во средината) сликано од врвот Ченгелчал | |
Надм. вис. | 2.480 м |
Место | Општина Банско и Општина Свети Врач, Пиринска Македонија |
Венец | Пирин |
Координати | 41.695° СГШ; 23.5065° ИГД / 41.695; 23.5065 |
Затвори
Низ Демир Капија поминува патеката од планинарскиот дом „Гоце Делчев“ до планинарскиот дом „Пирин“ (обележана со зелено). Ова некогаш бил важен превој, највисоката точка на една од двете главни винарски патеки меѓу Разлошката Котлина и Мелник.