збир на карактеристики, динамика, структура и еволуција на населението на Демократска Република Конго From Wikipedia, the free encyclopedia
Според податоци од 2007 година, населението на Демократска Република Конго изнесува 65 890 551 луѓе.
(2005)
Според некои проценки на Обединетите нации од 2007 година, населението на земјата е околу 62.600.000 луѓе, за разлика од периодот на војната во земјата, кога бројот изнесувал околу 46.700.000 луѓе од 1997 година. Како и во повеќето африкански земји, така и во ДР Конго живеат огромен број на етнички групи, од кои околу 250 се идентифицирани. Населението се состои од различни племиња на Банту-црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмејци. Пигмејците бројат околу 600.000 луѓе, кои живеат обично во џунглите.[1]
Со оглед на ситуацијата во земјата и на состојбата на државните структури, многу тешко можат да се добијат веродостојни податоци за и околу самата миграција на населението во земјата. Самата имиграција населението е различна по природа. Голем дел од истите се бегаци кои во земјата бараат азил. Покрај тоа, голем број на луѓе доаѓаат во земјата како работници во рудниците во земјата. Транзитната миграција кон Јужна Африка и Европа, исто така, има голема улога. Имиграцијата во ДР Конго постепено се намалувала во последните две децении, најверојатно како резултат на вооруженото насилство кое го доживеа земјата. Според податоците на Меѓународната организација за миграции, бројот на имигранти во ДР Конго дошле над 1 милион во 1960 година, 754.000 во 1990 година, 480.000 во 2005 година, 445.000 во 2010 година. Сепак валидни бројки и податоци не се достапни, кое делумно се должи на неформалната економија во земјата.[2]
Бројките за бројот на државјани на Конго кои живеат во странство многу се разликуваат во зависност од изворот, од 3 до 6 милиони луѓе. Ова несовпаѓање се должи на недостиг на официјални и сигурни податоци. Се проценува дека поголемиот дел од нив сепак остануваат на африканска територија, но има такви кои заминуваат за Европа, главно во Франција.
Според податоци пак од 2004 година на УНХЦР, земјата прифатила повече од 460.000 бегалци од Конго.[2]
Религија во Демократската Република Конго | ||||
---|---|---|---|---|
религија | процент | |||
Римокатоличка црква | 55 % | |||
Протестантство | 35 % | |||
Ислам | 5 % | |||
Анимизам | 2,4 % | |||
Бахаизам | 0,4 % | |||
Хиндуизам | 0,2 % | |||
Друѓи | 1,2 % |
Христијанството е најголема религија во земјата, проследена со околу 90% од вкупниот број на верници. Од нив, околу 55% се римокатолици, а околу 35% протестанти.[3] Освен тоа, се проценува дека околу 2.000.000 верници се следбеници на учењето на Вилијам Бренхам. Голем дел од протестантските деноминации се обединети под капата на Христовата црква на Конго. Честопати, оваа црква се нарекува во земјата само како Протестантска црква, бидејќи таа опфаќа повеќе од 35% од сите протестанти во земјата.
Исламот во Демократската Република Конго го следат околу 10% од вкупниот број на верници.[4][5] Останатиот процент е на хиндуистите, анимистите и атеистите.
Во земјата се зборуваат вкупно 242 јазици. Службен јазик во ДР Конго е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, луба, лингала и конгоанскиот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.