Дипло
американски диџеј и музички продуцент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас Весли Пенц (анг: Thomas Wesley Pentz; роден на 10 ноември 1978 г.),[2] професионално познат како Дипло (анг: Diplo), ― американски диск-џокеј, текстописец и музички продуцент. Тој е ко-основач и член на електронската група Major Lazer, член на супергрупата LSD со Сија и Лабринт, член на електронското дуо Jack Ü и член на Silk City со Марк Ронсон. Тој ја основал и раководи со издавачката куќа Mad Decent, и исто така е ко-основач на непрофитната организација Heaps Decent. Неговото ЕP од 2013 година, Revolution, дебитирало на 68-то место на американскиот Билборд 200.
Дипло | |
---|---|
Дипло во 2014 | |
Роден(а) | Томас Весли Пенц 10 ноември 1978(1978-11-10) (45 г.) Тупело, САД |
Други имиња |
|
Алма матер | Универзитет „Темпел“ |
Занимање |
|
Активен период | 1997–денес |
Деца | 3 |
Страница diplo.com |
Дипло соработувал и бил во врска со британската раперка M.I.A., која е заслужна за неговиот пробив на почетокот од кариерата. Подоцна, тој и неговиот колега Свич создале јамајски денс проект и анимирана серија насловена како Major Lazer.[3] Потоа, Дипло работел на проекти за продукција и миксирање со многу други поп уметници, како: Гвен Стефани, Die Antwoord, Бритни Спирс, Мадона, Шакира, Бијонсе, Ели Гулдинг, No Doubt, Џастин Бибер, Ашер, Снуп Дог, Крис Браун и други.[4][5][6][7][8][9] Неговото уметничко име е кратенка од Диплодокус и потекнува од неговата импресионираност од диносауруси.[10]