Долина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во геологијата, долина — депресија со доминантна должина во еден правец, во однос на останатите. Претставува ерозивен облик кој се јавува во неколку геоморфолошки процеси. Многу длабоките речни долини се нарекуваат кањони и клисури. Долините можат да имаат два основни облици, U-облик и V-облик. Најголем број на долини припаѓаат на овие два основни типа или на некоја нивна комбинација.[1]