Долно Блатешко Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Долното Блатешко езеро (српски: Доње Блатештичко језеро) е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа кај Блатешкиот цирк. Заедно со Горното Блатешко езеро ги сочинуваат Блатешките езера[2]. Се наоѓа на 2.160 m надморска висина. Долго е 32, а широко е 13 метри. Длабоко е 60 cm. Вкупниот обем му изнесува 78 m[3]. Езерото се храни со вода од понорите на Горното езеро. Водата на ова езеро е кристално чиста[4].
Кратки факти
Долно Блатешко езеро Доње Блатештичко језеро | |
Должина | 32 м |
Ширина | 13 м |
Обем | 78 м |
Длабочина | 0,60 м |
Надморска висина | 2.160 м |
Планина | Шар Планина |
Затвори