Друштво на народите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Друштвото на народите или Лига на народите — поранешна меѓународна организација основана за време на Париската мировна конференција по завршувањето на Првата светска војна. Организацијата била првата постојана меѓународна организација чија основна мисија била да одржува мир во светот.[1] Нејзините примарни цели вклучувале спречување војна преку колективна безбедност и разоружување и решавање на меѓународните спорови преку преговори и арбитража[2]. Други прашања во овој и во други сродни договори вклучувало работни услови, правично постапување со домородното население, трговија со дрога и луѓе, трговија со оружје, глобално здравје, воени заробеници и заштита на малцинства во Европа[3]. Најголемо проширување организацијата го достигнала од 28 септември 1934 година до 23 февруари 1935 година, кога имала 58 членки.
League of Nations |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Женева, Швајцарија[a] | |||||
а. | ^ The headquarters were based from 1 November 1920 in the Palais Wilson in Geneva, Switzerland, and from 17 February 1936 in the purpose built Palace of Nations also in Geneva. |
Дипломатската филозофија на Друштвото на народите претставувала фундаментална промена на мислења за претходните сто години. Лигата немала свои вооружени сили и зависела од Големите сили за спроведување на своите одлуки, да се држи до своите економски санкции, или да обезбеди војска кога е потребно. Меѓутоа, Големите сили често се противеле да го направат тоа. Санкциите можело да им наштетат на членовите на Друштвото, па затоа тие биле подготвени да се усогласат со нив. За време на Втората италијанско-абисинска војна, Друштвото ги обвинило италијанските војници кои нишанеле по медицински шатори на Црвениот крст, а Бенито Мусолини на тоа одговорил: „Друштвото е многу добро кога врапчиња викаат, но не е воопшто добро кога орлите паѓаат“[4].
По одреден број на значајни успеси и некои рани неуспеси во текот на 1920-тите години, се покажало дека друштвото е неспособно да се заштити од агресијата на Сили на Оската во текот на 1930-тите години. Германија се повлекла заедно со Јапонија, Италија, Шпанија и други. Почетокот на Втората светска војна покажало дека друштвото не успеало во својата примарна цел, а тоа е спречување на идни светски војни. По крајот на Втората светска војна друштвото било заменето од Организацијата на обединетите нации (ООН), наследувајќи неколку организации и агенции основани од него.