Евромајдан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евромајдан (украински: Євромайдан) — бран демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судри кој започнал ноќта на 21 номеври 2013 г, кога украинските граѓани започнаа спонтани протести во главниот град Киев. Претходниот ден, 21 ноември 2013, Украинската влада ги суспендира подготовките за потпишувањето на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија. Протестите продолжуваат и покрај големото полициско присуство, и зголемениот број на студенти кои се приклучуваат кон протестите. Насилството рано наутро на 30 ноември од владините сили предизвика протестите да се зголемат, со 350.000-1.600.000 протестанти кои демонстрираат во Киев, кој беше најмасовен на 1 декември. Бројни невладини организации, светски медиуми, и организации ги претставуваат настаните на Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина.