Економско поведение
гранка на економијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Поведението во економијата и сличните истражувани полиња, финансиското поведение, ги проучуваат социјалните, когнитивните и емоционалните фактори на поединечните и институционалните економските одлуки, како и последиците од промената на пазарната цена, профитот и алокацијата на ресурси. Примано, овие две полиња се насочени кон истражување на ограничената рационалност на хомоекономистите. Моделот на поведение е интегриран од психологијата на нео-класичната економска теорија. Притоа, тоа покрива спектар на концепти, методи и истражувачки полиња.[1]
Економија |
Економија по региони Африка · Северна Америка |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии Анархистичка · Капиталистичка |
Англосаксонска · Feudal |
![]() |
Анализата на поведението не е целосно сконцентрирана кон ефектите на пазарните одлуки, туку и кон потрошувачкиот избор, што, пак, опишува друг извор на економски одлуки со сродни предрасуди кон промовирањето на личниот интерес.
Постојат три истражувани теми кои преовладуваат во финансиското поведение:
- Евристика: луѓето често донесуваат одлуки засновани на проценети вредности, а не на точна логика.
- Кадрирање: збир на анегдоти и стереотипи кои сочинуваат умствени емоционални филтри на кои поединецот се заснова да би ги разбрал и да би одговорил на настаните.
- Пазарна неефикасност: тука се вклучени погрешното поставување на пазарни цени и нерационалните одлуки.