Епископско Кнежевство Вирцбург
држава во Светото Римско Царство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Епископско Кнежевство Вирцбург (германски: Hochstift Würzburg) — верска држава во Светото Римско Царство, сместена во Долна Франконија, западно од Епископското Кнежевство Бамберг. Вирцбург претставувал епископија од 743 година. Како што конечно одредено со конкордат од 1448 година, епископите во Германија биле одбирани од собир во катедралите и нивниот избор подоцна бил потврдуван од папата. По традиција во Германија, епископските кнезови на Вирцбург биле често избирани и на други верски кнежевства.[1] Последните неколку епископски кнезови престојувале во Вирцбуршкиот дворец, што е еден од најголемите барокни дворци во Европа.
Епископско Кнежевство Вирцбург | |||||
Fürstbistum Würzburg | |||||
Држава на Светото Римско Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Збратимените епископски кнежевства Вирцбург и Бамберг | |||||
Главен град | Вирцбург | ||||
Јазици | источнофранконски | ||||
Вероисповед | римокатолици | ||||
Уредување | изборно кнежевство | ||||
Епископски кнез | |||||
- | 743–55 (основач) | Св. Бурхард I | |||
- | 1165–70 (прв епископски кнез) |
Херолд фон Хохајм | |||
- | 1795–1808 (епископски кнез до 1803 г.) |
Георг Карл фон Фехенбах | |||
Историски период | среден век | ||||
- | основање на епископијата | 743 | |||
- | издигната на епископско кнежевство | 1168 | |||
- | епископските кнезови станале војводи во Франконија |
1441 | |||
- | верски кнез на Франконскиот округ |
1500 | |||
- | секуларизирано и припоено од Баварија |
25 февруари 1803 1803 | |||
- | предадено на Фердинанд и издигнато во големо војводство |
30 септември 1806 | |||
Како последица на Линевилскиот мир од 1801 година, Вирцбург, заедно со другите верски држави во Германија, бил секуларизиран во 1803 година и припоен кон Изборното Кнежевство Баварија. Во истата година, на Фердинанд III, поранешен голем војвода на Тоскана, му било предадено Изборното кнежевство Салцбург. Со Пресбуршкиот мир од 1805 година, Фердинанд го загубил Салцбург од Австриското Царство, но му било предадено за возврат новото Големо Војводство Вирцбург, кое Баварија го предало за Тирол. Оваа нова држава траела до 1814 година, кога повторно била припоена од Баварија.
Римокатоличката Вирцбуршка епископија била повторно основана во 1821 година без световна моќ.