Ервин Шредингер
австриски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ервин Рудолф Јозеф Александар Шредингер (германски: [Erwin Rudolf Josef Alexander Schrödinger] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); 12 август 1887 – 4 јануари 1961) — австриски физичар, познат по Нобеловата награда, која ја добил за своите постигнувања во областа на квантната теорија, за која развил голем број истражувања , кои претставувале основа за брановата механика. Покрај тоа, тој е и автор на голем број дела во различни области на физиката: статистичката механика и термодинамиката, физиката на диелектрици, електродинамика, општиот релативитет, и космологија.Во неговата книга Што е животот? (англиски: [What Is Life?] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)), Шредингер им се посветил на проблемите на генетиката, гледајќи во феноменот на животот од гледна точка на физиката. Тој им посветил големо внимание на филозофските аспекти на науката, античките и ориентални филозофски концепти, етиката и религијата.[3] Тој, исто така пишува за филозофијата и теоретската биологија. Шредингеровата равенка за движењето на електрони е основната равенка во модерната квантна физика. Целосно ги отфрла обидите за движење на електроните, што се јавува во одредени орбити во атомите и има за цел да се опише нивното движење, и исклучиво својствата на брановите. Во одреден момент, веројатноста за наоѓање на електронот во некоја точка во просторот е еднаков на квадратот на апсолутната вредност на брановата функција.Функцијата на бранот се менува во зависност од квантизацијата на електроните.Со користењето на овие равенки се добива квантнофизичкиот модел на секој атом.
Ервин Шредингер Erwin Schrödinger | |
---|---|
Роден(а) | Ервин Рудолф Јозеф Александар Шредингер 12 август 1887(1887-08-12) Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 4 јануари 1961(1961-01-04) (возр. 73) Виена, Австрија |
Државјанство | Австрија, Ирска |
Националност | Австриец |
Полиња | физика |
Установи |
|
Образование | Виенски универзитет |
Докторски ментор | Фридрих Хасенорл[1] |
Други ментори | Франц Екснер |
Значајни студенти |
|
Познат по |
|
Поважни награди | Матеучиев медал (1927) Нобелова натграда за физика (1933) Медал „Макс Планк“ (1937) |
Сопружник | Анамарија Бертел (1920–61)[2] |
Потпис |