Ередивиси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ередивиси е највисоко ниво на холандската фудбалска лига. Лигата е основана во 1956 година, две години по почетокот на професионалниот фудбал во Холандија. Од сезоната 2020–2021, таа е рангирана на 8-то место на најдобрите лиги во Европа од страна на УЕФА.
Кратки факти Земја, Конфедерација ...
Земја | Холандија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1956 |
Број на клубови | 18 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Ерсте дивиси (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Холандија |
Тековен првак | Ајакс (34. титула) (2018-2019) |
Најмногу титули | Ајакс (34 титули) |
ТВ партнери | ЕСПН |
Мрежно место | Мрежно место |
Трофеј | |
Ередивиси 2020-2021 |
Затвори
Лигата се состои од 18 клубови, кои играат по форматот секој против секого двокружно. Двата најслабо пласирани клубови на крајот на секоја сезона испаѓаат во втората лига по ранг, Ерсте дивиси, а оттаму влегуваат прво и второпласираната екипа. Најуспешен клуб е Ајакс со 34 титули и моментално е бранител на титулата.