Ерусалим
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерусалим (хебрејски: יְרוּשָׁלַיִם (изговор)ⓘ; арапски: القُدس, ел-Кудс (изговор)ⓘ, арамејски: ܐܘܪܫܠܡ, ’Ūrišlem; грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) — древен град на Блискиот Исток и најважен град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина.[2] Градот брои 804,355 жители, и се протега на точно 125,1 км2, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.[1][3][iv] Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.[4].
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Координати | |||
Општи податоци | |||
Име - изворно - други имиња |
Ерусалим יְרוּשָׁלַיִם (Јерушалајим) арапски: القـُدْس (Ел-Кудс); грчки: Ίερουσαλήμ (Јеросалем) латински:Hierosolyma (Хиерусалем) | ||
Прво доселување | 4000 п.н.е. | ||
Стари имиња | Салем Јебус Сион или Цион Ир Давид (Давидов град) | ||
Повикувачки број | +972 2 | ||
Портал | www.jerusalem.muni.il | ||
Управа | |||
Земја | Израел | ||
Округ | Ерусалим | ||
Градоначалник | Нир Баркат | ||
Географија | |||
Површина | 126 km² | ||
Надморска височина | околу 760 m | ||
Население | |||
Население | 933 200 (2012)[1] (2007) | ||
Густина | 5.750,4 ж./km² (2006) | ||
Етнички групи | евреи (65%), муслимани (32%), христијани (2%), други (1%) | ||
Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.[5]. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина[6], а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 км2[7], во Стариот Град, на Храмовата Гора се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век.[8] Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан.[9] Во текот на својата историја, градот Ерусалим двапати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.[10]
Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН[11][12], а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина.[13][14] По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.[15]