Женственост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Женственоста претставува низа од својства, очекувања и објаснувања поврзани со поведението и однесувањето на женскиот пол. Женственоста како содржина на родот поврзан со женскиот пол е општествено изградено однесување како спротивност на мажественоста како општествено изградена содржина поврзана со машкиот пол. Карактеристичните женствени својства се поврзани со низа стереотипи, кои го ситуираат женскиот статус и положба: нежноста, емпатијата и чувствителноста, сепак овие и други особености покажуваат поврзаност кон самото место и контекстот, како и други општествени и културни фактори.