Жозефин Лојхтенбершка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жозефина од Лехтенберг или Жозефин де Бохарне (Joséphine Maximilienne Eugénie Napoléone de Beauharnais; 14 март 1807 - 7 јуни 1876 година) била кралица на Шведска и Норвешка како сопруга на кралот Оскар I. Таа исто така била принцеза од Болоња од раѓање и војвотка од Галиера од 1813 година. Таа се сметала за политички активна за време на владеењето на нејзиниот сопружник и дејствувала како негов политички советник, активно учествувајќи во владините работи. Таа е призната дека вовела полиберални закони во врска со религијата.