Заеднички Mир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Идејата за Заеднички Мир (Κοινὴ Εἰρήνη, Koinē Eirēnē) — еден од највлијателните концепти на грчката политичка мисла од 4 век п.н.е., заедно со идејата за панхеленизмот. Терминот го опишува и концептот на посакуван, постојан мир меѓу грчките градови-држави (полиси) и еден вид мировен договор кој ги исполнува трите основни критериуми на овој концепт: тој морал да ги вклучи сите грчки градови-држави, да се признае автономијата и еднаквоста на сите градови-држави без да се води сметка за нивната воена моќ, и тој морал да биде замислен да остане во сила трајно.
Застапниците на Заедничкиот Мир го гледале како начин да се стави крај на ендемската војна што ги зафатило грчките полиси од избувнувањето на Пелопонеската војна во 431 п.н.е. Од Кралскиот мир од 387/6 п.н.е. до основањето на Коринтскиот Сојуз во 338 п.н.е., идејата за Заеднички мир влијаела на сите мировни договори меѓу грчките полиси. На крајот, сепак, се покажало дека само силна хегемонистичка сила може долго да одржува сеопфатен мир. Во современи времиња, концептот е оживеан и во 20 век, принципот на Заеднички мир претставува камен-темелник на меѓународните организации како Лигата на народите и Обединетите нации.