Земјено тениско игралиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјено тениско игралиште или земјен терен — еден од видовите тениски терени на кои се игра тенисот. Земјените терени се изградени на основа од кршен камен, тула, шкрилци и друг материјал, со тенок слој од ситни глинени честички на површината. Земјените терени се почести во Континентална Европа и Латинска Америка отколку во Северна Америка, Азија-Пацифик или Британија. Единствениот гренд слем турнир што користи земјени терени е Отвореното првенство на Франција.
Земјените терени почесто се изработени со црвена глина, која всушност е дробена тула, и малку потврдата зелена глина, позната и како „рубико“, која всушност е кршен метабазалт. Иако изградбата на ваков терен е малку поевтина од другите видови тениски игралишта, трошоците за одржување на глината се високи бидејќи површината мора редовно да се навлажнува и вала за да се зачува текстурата и плошноста и внимателно да се влачи пред секој натпревар.[1]