Инфективна мононуклеоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и "болест на бакнувањето", е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи, или од цитомегаловирусот во 10% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата често минува без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика оследниве симптоми во 25-75% случаи:повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло.
Кратки факти Инфективна мононуклеоза, Специјалност ...
Инфективна мононуклеоза | |
---|---|
Отечени лимфни јазли во вратот кај пациент со инфективна мононуклеоза | |
Специјалност | Infectious disease |
Затвори
Епштајн-Баровиот вирус е Б лимфотропен херпесвирус (има нагласена склоност кон напаѓање на лимфоцитите), распространет е ширум светот. Освен што е предизвикувач на мононуклеозата, овој вирус се доведува во врска со карциномот на грло и определени Б-клеточни лимфоми.