Ирвинг Фишер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирвинг Фишер (роден на 27 февруари 1867 - починат на 29 април 1947 ) бил американски економист, статистичар, пронаоѓач и социјалeн активист. Тој бил еден од најраните американски неокласични економисти, иако неговата подоцнежна работа на теоријата за должничка дефлација била прифатена од страна на посткејнзијанската школа.
Неокласична економија | |
---|---|
Роден | 27 февруари 1867(1867-02-27) Соџертис, Њујорк |
Починал | 29 април 1947(1947-04-29) (возр. 80) Њујорк, Њујорк |
Националност | САД |
Поле | Математичка економија |
Алма матер | Универзитет Јејл |
Влијанија од | Џевонс, Гибс, Самнер, Бем-Ваверк |
Влијаел врз | Фридман, Тобин, Модиљани, Бернанке, Самнер, Кин, Але |
Придонеси | Фишерово правило Equation of exchange Ценовен индекс Debt deflation Филипсова крива Money illusion Fisher separation theorem |
Фишер направил значајни придонеси и во побласта на теоријата за општа рамнотежа. Неговото истражување за теоријата за количеството на парите било основа на една посебна школа на макроекономската мисла, позната како "монетаризам".
Неговата теорија за должничка дефлација, како објаснување на Големата криза, во голема мера биле игнорирани, но неговиот углед бил обновен во доцните 1950-ти. Така, денес, некои важни концепти се именувани по Фишер, како: Фишеровото равенство, Фишеровата хипотеза, меѓународниот Фишеров ефект, и сл.