![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/95/Islamic_Feminism_Symbol.svg/langmk-640px-Islamic_Feminism_Symbol.svg.png&w=640&q=50)
Исламски феминизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исламскиот феминизмот е форма на феминизмот кој се занимава со улогата на жените во исламот. Тој има за цел да постигне целосна рамноправност на сите муслимани, независно од полот, во јавниот и приватниот живот. Исламските феминистки се залагаат за правата на жените, половата еднаквост и социјалната правда втемелени во исламска рамка. Иако се вкоренети во исламот, пионерите на движењето, исто така користат секуларни, Западни, или на друг начин немуслимански феминистички дискурси, и ја признават улогата на исламскиот феминизам како дел од интегрираното глобално феминистичкото движење.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/95/Islamic_Feminism_Symbol.svg/320px-Islamic_Feminism_Symbol.svg.png)
Застапниците на движењето бараат да се нагласуваат длабоко вкоренетите учења за еднаквост во религијата, и да се поттикне преиспитување на патријархалната интерпретација на исламската наставата преку Куранот (светата книга), Хадисот (изреките на Мухамед) и Шеријатот (законот) кон создавање на поеднакво и праведно општество.[2]
Муслиманските земји имаат произведено неколку женски претседатели, премиери, државни секретари: Лала Шовкат на Азербејџан, Беназир Буто во Пакистан, Мејм Мадиор Бој на Сенегал, Тансу Чилер на Турција, Каквиша Јашари од Косово и Мегавати Сукарнопутри на Индонезија. Бангладеш е втората земја во светот (по Марија и Елизабета I во 16 век во Англија) да имаат на чело една жена после друга, тие две се Каледа Зија и Шеик Хасина, кои владееле со земјата како премиери од 1991 година, подолго отколку што мажите успеале, што го направи Бангладеш уникатен во историјата на републиките во светот.[3]