Историја на Монголија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Територијата на Монголија била владеана од различни номадски империи, вклучувајќи ги и Сјонгу, Руран, Сјанбеј, Гоктурките и други. Монголското Царство било основано од Џингис Кан во 1206. По распадот на династијата Јуен, Монголците се вратиле на старите начини на организирање на својот општествен живот. Во XVI век и XVII век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам и станала државна и национална религија во Монголија и на Монголците. Во XVII век, голем дел од Монголците и монголската територија потпаднале под власта на династијата Ќинг сѐ со 1911 година кога Монголија прогласила независност. Новата монголска држава стекнала меѓународно признавање во 1945 година. Како последица на својата самостојност, Монголија станала поволна почва за навлегување на руското влијание во земјата. Како последица на руското, односно советското влијание, се оформила новата Монголска Народна Република. Со новото комунистичко уредување, Монголија станала советски партнер и силен поддржувач на советската политика. Така страело сѐ до распадот на комунизмот во Советскиот Сојуз. Во 1990 се одржала Монголската демократска револуција што довело до воведување на повеќепартискиот систем и во 1992 година Монголија добила нов устав и нова либерализирана пазарна економија.
Историја на Монголија |
Пред Џингис-хан |
Монголско Царство |
Ханати |
- Чагатајски ханат |
- Златна Орда |
- Илханат |
- Династија Јуен |
Тимуридско царство |
Могулско царство |
Кримски ханат |
Сибирски ханат |
Ѕунгари |
Династија Ќинг |
Република Кина |
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија) |
Современа Монголија |
Менгѓанг (Внатрешна Монголија) |
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија) |
Бурјатска Монголија |
Калмичка Монголија |
Хазарски Монголци |
Ајмачки Монголци |
Хронологија |
уреди |