Исхрана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исхраната (уште наречена прехрана или храна) претставува обезбедување на клетките и организмите со потребни материи (во форма на храна) за живот. Со здрава исхрана можат да се спречат или олеснат многу чести здравствени проблеми.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Исхраната на еден огранизам е она што тој го јаде, кое во најголема мера е одредено од тоа колку храната се смета за вкусна. Диететичари се здравствени професионалци чија специјалност се човекова исхрана, планирање на оброци, економичност и подготовка. Тие се обучени да обезбедуваат сигурни совети за исхраната врз основа на докази, како и насоки за управување со храната за поединци (здрави и болни) и за институции. Клинички нутрицисти се здравствени професионалци кои повеќе се фокусираат на улогата на исхраната кај хроничните болести, како и можна превенција или лечење притоа првично барајќи ја вината во недостатокот на хранливи материи пред прибегнување кон лекови. Додека за употребата на овој професионален термин, владината регулатива е помалку универзална отколку за терминот "диететичар", полето е поддржано од мноху високоакадемски програми, сè до и вклучувајќи го Докторатот, и има свој Доброволен одбор за сертификација, професионални здруженија и рецензирани списанија. На пр. "Американското друштво за исхрана" и "Американскиот дневник за клиничка исхрана".
Лошата исхрана може да нанесе удар врз здравјето и да предизвика болести како резултат на недостаток на храна како што се скробут и квашиоркор, состојби кои го загрозуваат животот како дебелина и метаболичен синдром, како и чести хронични системски болести како што се кардиоваскуларната болест, дијабетес и остеопороза.