Каубој Бибоп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каубој Бибоп (јап. カウボーイビバップ [Каубоои Бибапу], англ. Cowboy Bebop) — јапонско научнофантастично аниме,[1] телевизиска серија создадена од Sunrise, а претставена од продукциската екипа водена од главниот творец и режисер Шиничироо Уатанабе, сценаристката Кеико Нобумото, ликовен дизајн од Тошихиро Кавамото, механички дизајн (на вселенските бродови и сл.) на Кимитоши Јамане, и композиторката Јоко Кано (формирајќи го бендот Seatbelts). Дваесет и шесте епизоди (нагласени како „сесии“ поради проминетниот џез карактер на музиката во серијата) на серијата се сместени во 2071 година, и ги следат животите на мала екипа Главоловци (bounty hunters) кои патуваат во нивниот вселенски брод наречен Бибоп (Bebop), инспирирано од посебниот бибоп џез жанр, кој се карактеририза со брзо темпо и темпераментни мелодии. Иако е позната по тоа што влече од многу различни теми и тропи, Cowboy Bebop е најмногу инспирирана од научната фантастика, вестерн и ноар филмовите, додека филозофската тематика ги вклучува егзистенцијалната здодевност, осаменоста и потешкотиите на човечкото Битие да избега од неговото минато.
КАУБОЈ БИБОП | ||||
---|---|---|---|---|
Трговската марка на македонски | ||||
[COWBOY BEBOP] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help) (カウボーイビバップ) | ||||
Жанр | Научна фантастика, Драма, Нео ноар, Вселенски вестерн, Акција, Трилер | |||
| ||||
Творец | Каин Куга | |||
Целна група | Shōјо | |||
Списание | Asuka Fantasy DX | |||
Издавање | 18 септември 1997 – 18 јуни 1998 г. | |||
Бр. изданија | 2 тома | |||
| ||||
Творец | Јутака Нантен | |||
Целна група | Shōјо | |||
Списание | Asuka Fantasy DX | |||
Издавање | 18 октомври 1998 – 18 февруари 2000 г. | |||
Бр. изданија | 3 тома | |||
Anime | ||||
Director | Шиничироо Уатанабе | |||
Producer | Масахико Минами Казухико Икегучи | |||
Writer | Кеико Нобумото | |||
Composer | Јоко Кано Seatbelts (бенд) | |||
Studio | Sunrise |
Серијалот премиерно бил прикажан во Јапонија на ТВ Токио од 3 април до 26 јуни 1998 година, емитувајќи само дванаесет епизоди (во нерегуларен редослед) и една специјално создадена како отчет кон контроверзната содржина на серијата која е генерално наменета за повозрасните. Целосните дваесет и шест епизоди од серијата подоцна биле емитувани на приватниот јапонски канал Wowow од 24 октомври до 24 април 1999 година. Анимето било адаптирано во две манга серијали кои биле објавени во списанието „Asuka Fantasy DX“ на компанијата Кадокауа Шотен. Подоцна бил објавен и филм (хронолошки сместен некаде помеѓу 10-та и 15-та епизода од серијата) во киносалите ширум светот.
Серијата подоцна била синхронизирана на англиски јазик, чија што продукција добила пофалби од манга и аниме заедницата, заради честиот тренд на англиските (и европски) гласовни преводи на јапонските аниме серијали да се супстандардни, а во 2001 година, КАУБОЈ БИБОП станало првото аниме што се емитувало на Adult Swim во САД.
Серијата имала критичен и комерцијален успех како на јапонските, така и на меѓународните пазари (пред сè во САД), освоила неколку престижни аниме и научно фантастични награди, и добила едногласни пофалби за стилот, ликовите, приказната, гласовната глума, анимацијата и музиката. И години по објавувањето, критичарите ја поздравуваат КАУБОЈ БИБОП како ремек-дело и често ја наведуваат како една од најдобрите, ако не и најдобра, аниме серија на сите времиња. Посочено е дека нејзиното влијание помогнало на новиот бран на аниме кое ги привлекло западните гледачи во раните 2000-ти, а и обично се предлага на луѓето кои никогаш не гледале аниме, да ја погледнат КАУБОЈ БИБОП како одличен пример.[2]