Кафтан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кафтан[1][2] (од персиски : خفتان, ġaftān = почесна облека [3] ) — долга машка наметка без постава од месопотамиско потекло, која ја носат бројни народи низ Блискиот Исток.[4] Обично се кроел од памук или свила или комбинација од двете.[4]
Вид на облека на централноазиските народи што се носел во минатото во Мала Азија, Полска, Русија и Унгарија.
Кафтан е долг капут или наметка од груба ткаенина, волна или свила, со широки ракави, без постава и долга сè до глуждовите. Постојат неколку видови. Најпознат е оној што го носеле османлиските султани, а во однос на строгата хиерархија (индивидуален ранг) се разликувале по бојата, дезените и копчињата.
На подрачјето на Западна Африка, меѓу народот Волоф се јавува сенегалски кафтан-сабадор и нешто поелегантниот мбуб или големо бубу.[5]
Мароканскиот кафтан е женска носија, вообичаена меѓу Мароканките. Во Југоисточна Азија среќаваме батик кафтани за чие производство се претпочита свила и цветни и апстрактни дизајни, а денес се модел за производство на модерни женски кафтани.
Најпознати кафтани биле оние што ги носеле османлиските султани и другите високи достоинственици на Отоманското Царство кои се разликувале по боја, декорација и копчиња. Бидејќи морала да се почитува строгата хиерархија во облекувањето, така што социјалниот статус веднаш бил видлив од кафтанот.