Кинин
хемиско соединение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинин е алкалоид што се користи како лек против маларијата и се добива од исушена кора на тропското растение cinchona по потекло од Јужна Америка.
Клинички податоци | |
---|---|
Бременосна категорија |
|
Начин на примена | Орално, интравенозно |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | 76 до 88% |
Врзување за белковините | ~70% |
Метаболизам | црнодробен (претежно CYP3A4 и CYP2C19-mediated) |
Полувреме на елиминација | ~18 часа |
Екскреција | Ренално (20%) |
Назнака | |
CAS-број | 130-95-0 |
ATC код | M09AA01 P01BC01 |
DrugBank | APRD00563 |
ChemSpider | 84989 |
Хемиски податоци | |
Формула | C20H24N2O2 |
Моларна маса | 324,417 g/mol |
Физички податоци | |
Точка на топење | 177 °C (351 °F) |
Месното население во подрачјето каде успева стеблото, неговата кора ја нарекувало quina quina, што значи “кора над корите“, од каде и му потекнува името.
Од 2006 година, кининот повеќе не е препорачан од светската здравствена организација како третман против маларија, а смее да се употребува само при недостаток на лекот артемесинин.[1][2][3][4]
Кининот се користи како средство за вкус и мирис во пијалаците тоник и битер лемон. Според традицијата, за да го ублажат горчливиот вкус на тоникот кој се користел како превентивно средство против маларија во британските колонии (во Индија), Британците го мешале со џин, и така е создаден коктелот џин и тоник, кој и денес е популарен во многу делови од светот, посебно во Велика Британија, САД, јужна Канада, Кина и делови од Австралија и Ласа.