Курдистан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Курдистан (курдски: كوردستانcode: ku is deprecated /Kurdistan, „земја на Курдите“,[1] порано Курдија[2]) е географски и културен регион на Блискиот Исток, главно населен со Курди.
Територијата на Курдистан е поделена помеѓу четири држави: Турција, Ирак, Иран и Сирија. Курдистанските региони на Ирак и Иран се официјално признати како делови од Курдистан, додека турската и сириската влада не ги признаваат како засебни демографски или географски региони деловите на Курдистан што се под нивна власт.