Лов на вештерки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лов на вештерки е потрага по вештерки или докази за практикување на магии, која често вклучувала паника, масовна хистерија и јавно линчување, но низ историјата се појавуваат и официјални судења на вештерки.
Класичниот период на лов на вештерки во Европа е околу 1480 до 1700 година, што резултирал со десетици илјади погубувања.
Терминот „лов на вештерки“ често се користи за да означи слична масовна панична потрага по погрешни луѓе, а не само за вештерки. Најпознат пример е веројатно потрагата по комунисти во САД за време на Студената војна,[1][2] која делумно е дискредитирана заради споредбата со ловот на вештерките од Салем.[1]