Математичка оптимизација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во математиката, компјутерските науки и истражувачките активности, математичката оптимизација, (алтернативно позната и како математичко програмирање или едноставно оптимизација) е избор на најдобриот елемент (во однос на некои критериуми) од множество на достапни опции.[1]
Во наједноставен случај, оптимизацијата се состои од максимизирање и минимизирање на реална функција од страна на систематски избрани вредности во рамките на едно дозволено множество од пресметани вредности на функцијата. Генерално, оптимизациската теорија и техника е една голема област од применетата математика. Поопшто, оптимизацијата вклучува изнаоѓање на „најдобрата достапна“ вредност на некоја функција на целта, дефинирана во домен (или input), вклучувајќи различни видови на функција на целта и различни видови на домени.